Во рамки на Програмата на Здружението на потрошувачи -Кочани преку поврзување со наставни програми по економските предмети во гимназијата ,,Љупчо Сантов,, на 24 ноември се организираше едукациска трибина на тема,, ,,Моите права како потрошувач,,.
Целта на трибината беше практично запознавање на учениците со нивните основни права како потрошувачи, начини за постапување во ситуации кога им се нарушени тие права и презентирање на новиот закон за потрошувачи во кој се унапредуваат правата на потрошувачите.
Претставници на Здружението на потрошувачи-Кочани и надлежните инспекциски служби во соработка со професорката по бизнис и претприемништво Весна Ефремова теоретски и практично низ интерактивна и отворена дискусија одговараа на прашањата од учениците и низ лични примери и ситуации ги научија своите основни права како потрошувачи. Сите учесници на настанот добија промотивни материјали кои беа доделени од претставниците на здружението.
На трибината активно учество земаа 50 ученици и 5 наставници и стручни соработници од училиштето.
Поради големиот интерес за темата од страна на учениците на трибината се направи план за следни активности кои ќе се спроведат теренски во соработка со претставниците на здружението.