Членови на спортско-риболовното здружение „Кочани рибар“ денеска реализираа акција за порибување на вештачката акумулација Гратче.
На пробувањето беа пуштени 205 кг. риба од видот клен и попадика, а мала количина од рибата беше пуштена и во водите на Кочанска река.
Со денешната акција за порибување на езерото Гратче, „Кочански рибар“ ги завршува активностите за 2020 година, а според најавите, за следната година планирани се неколку акции за збогатување на рибниот фонд на езерото.