Екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ се пласираше на меѓузонските натпревари во кошарка

Кошаркарите на СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани се победници на зонските натпревари во машка кошарка што денеска се оддржаа во Спортската сала во Кочани, а беа во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

На натпреварите учествуваа екипите на СОУ„Љупчо Сантов“, СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Ванчо Прке“ Виница.

Под водство на тренерот Мијалче Апостолов кошаркарите на „Љупчо Сантов“  извојуваа победа со резултат 56:21 наспроти екипата на „Ванчо Прке“ од Виница, а беа поуспешни и од кошаркарите на„Гошо Викентиев“ со резултат  46:26.

На дуелот помеѓу училиштата  „Гошо Викентиев и „Ванчо Прке“  Виница поуспешни беа кочанци со резултат  55:27.

Со овие победи екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ се пласираше на меѓузонските натпревари во кошарка во машка конкуренција.

И.Матеничарски

Сподели: