Екоакција Бавчалук-езеро Гратче – по повод Светскиот ден на планетата Земја

Во пресрет на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја, Општина Кочани, Клубот за плланинарски спортови „Осоговски орел“ и КЈП „Водовод“ организираа еколошка акција на потегот од месноста Бавчалук кон езерото Гратче.

Целта на акцијата иницирана од КПС „Осоговски орел“ е расчистување на  пешачката патека и прибирање на оставениот отпад од летниковниците на овој потег, со што ќе се испрати порака за правилно складирање на отпадот.

На акцијата се приклучија ученици од средните училишта и вработени во локалните компании.

Меѓународниот ден на планетата Земја, 22 Април, се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, за да се сврти вниманието на јавноста за значењето на зачувувањето на животната средина.

И. Матеничарски

Сподели: