Група на граѓани утрово повторно го блокираа патниот правец кон браната Гратче во знак на револт од изградбата на мини-хидроцентрала на Мала Река како и противење за користењето на патниот правец од тешки товарни возила.
Преку неколкучасовниот прекин на сообаќајот повторно побараа од надлежните да се преиспита целокупната документација за изградба на мини-хидроцентралата преку која како што велат, се уништува околината и биодиверзитетот, а дополнително со користење на патниот правец од тешки товарни возила се оштетува и асфалтот.

На протестот граѓаните и еко – активистите упатија и низа прашања до Локалната самоуправа на Општина Кочани, за тоа кој, како и кога ја има издадено дозволата за градба на објектот, на локација која е близу заштитено подрачје како и обвинение до тој што ја дал дозволата за користење на локалниот пат кој е со ограничување за лесни возила до 5 тона.

Протестите и блокирањето на патниот правец продолжуваат и во наредните денови беше истакнато на протестот.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

