Со финансиска и техничка поддршка од Општина Кочани и од КЈП „Водовод“,Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ прекуЛокалната акциона група за застапување, денеска организираше еколошка акција зарасчистување на дивата депонија пред Фабриката за вода.
– Огромна благодарност до локалното население што ја помогна акцијата, начленовите на Локалната акциона група и огромна благодарност до Општина Кочани и КЈП „Водовод“, кои со механизација исто така ја помогнаа денешнава акција. Ромскитедеца заслужуваат здрава животна средина – изјави Мануела Саидова од „Светлаиднина“.
Еколошката активност се спроведе во рамките на проектната акција Локална акционагрупа за застапување – механизам за вклучување на ромската заедница.
Проектот еподдржан од Европската Унија.