Еко акцијата на „Green“ доказ дека здружението оди во погрешен правец

Само десетина граѓани од Кочани се приклучија кон акцијата за чистење на смет од местото Бавчалук до водопадот на Брана Градче, што денес ја  организираше  еколошкото здружение „Green“.

Иако „Green“ требаше да прерасне во  вистински репрезент за еколошко друштво во општината, погрешниот однос на првиот човек на здружението Ана Симонова го расипа трудот на неколкуте поединци кои на почетокот имаа вистинска визија за развој на истото.

Нека се запраша самопрогласената претседателка како е можно едно еколошко здружение да собере едвај десетина луѓе на акција која е од корист на сите во градот ? Ова е доволен  доказ дека истото полека  ја губи поддршката на граѓаните на Кочани, токму поради непрофесионалноста на Ана Симонова.

Како ново здружение тие уште на самиот почеток ги нарушија односите со сите партенери во градот. Најпрво со Општина Кочани, подоцна со дел од училиштата во градот,  критики кон останатите невладини организации за на крај на ред да дојдат и медиумите. Лично  Ана Симонова преку објава во фејсбук групата „Кочани протест за чист воздух“ ги нападна уредниците на локалните интернет портали во Кочани  за нивното непрофесионално известување, а истата таа „молеше“ за медиумско покривање на настаните на здружението.

„Green“ на протестот одржан кон крајот на февруари пред фабриката Пејпер Мил собираше потписи и финансиски средства за тужба против фабриката. Зошто до ден денес, здружението  нема објавено ни една фактура, ни еден доказ дека средствата од граѓаните се искористени за таа тужба, дали како трошоци за адвокат или некакви судски такси?

Деновиве пак здружението на социјалните мрежи продава маици со лого на „Green“.  Дали граѓаните кои сакаат да ги купат маиците парите ги даваат „на рака“  или пак ги уплаќаат на сметката на здружението како што е редот?

Меѓудругото сеуште на сила е уредбата на Владата за забрана за групирање на повеќе од две лица и задолжително носење заштитна маска на отворен простор. Денешните слики од акцијата говорат дека здружението организира групирања на луѓе  со што  директно го загрозуваат нивното здравје.

Дека  Ана Симонова  не трпи критики  говори и фактот дека ги отстранува неистомислениците од фејсбук групата „Кочани протест за чист воздух“ бидејки и се спротиставуваат на погрешните чекори. Нека се запраша зошто дел од луѓето кои помогнаа оваа иницијатива да прерасне во здружение , денес не се активни во организацијата?

Ана Симонова ги живеете вашите пет минути медиумска слава, бидејки таквите како вас, се радуваат дури и тогаш кога некој ги споменува по лошо.

И за крај кога зборувате, а зборувате се и сешто, имајте предвид дека говорите  како претседател на здружението „Green“ и дека секој ваш збор некој го мери!

И.Матеничарски

Фотографии од денешната активност на здружението можете да ги погледнете на официјалната фејсбук страница на „Green“.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial