Еко Логистик сервис бесплатно достави хуманитарни пакети на загорзени семејства од Кочани

Подрачната канцеларија на поштата Еко Логистик сервис, бесплатно достави пакети храна и хигиена на социјално загрозени семејства од Кочани, обезбедени од здружението „Green“.

Еко логистик сервис како општествено одговорна компанија, користејќи ги своите капацитети ги презема и достави хуманитарните пакети до ранливи категории граѓани во општината.

Меѓудругото, еко-поштата е единствена во Македонија што користи исклучиво еколошки горива за своите возила, како што се метан и течен нафтен гас (пропан/бутан) кои немаат зголемена емисија на штетни издувни гасови при согорувањето. 

На поблиски дестинации поштата користи електрични скутери и велосипеди, работејки во склад со заложбите за намалување на загадувањето и зачувување на здрава животна средина.

И.Матеничарски

Сподели: