Младите активисти на Здружението „Green org“ денес лепеа еко пораки на дрворедот на шеталиштето во централното градско подрачје во Кочани .
Преку нив тие сакаат да влијаат за зголемување на еко свеста на населението и да ја промовираат важноста за зачувување на здрава животна средина. Воедно тие ги анкетираа граѓаните за проблемот со загадувањето во Кочани, пришто анкетите ќе ги искористат за насочување на делувањето на здружението.
Активистите најавија дека продолжуваат со исто темпо и во иднина, со повик до младите да се вклучат во активностите на здружението.
И.Матеничарски