Утре, 23 мај, понеделник, во периодот од 9:30 до 12:30 ч. без електрична енергија ќе бидат следните улици во Кочани:
„Пролетерски бригади“, објектите кај новиот кружен тект во близината на КАМ маркет, „Стамен Манов“, „Митко Беќарски“, „Велко Влаховиќ“, населбата „Трајаново трло“, улицата „Наум Наумовски Борче“ и „Цветан Димов“.
Во наведениот период екипи на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизација на електродистрибутивната мрежа.