Еразмус + проект на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ за заштеда на отпад

ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани во соработка со проект партнерот Локална акциона група (ЛАГ) Кочани, одржаа „Дисеминациски настан“ за проектот од образовната ЕРАЗМУС+ програма со наслов: „Заштеда за отпад“ , акроним SAVE 4 WASTE  , што се спроведуваше во текот на изминатите две години.

Целта на овој проект беше да се воспостави модел на настава „Учење преку правење/изработување“, фокусирајќи се на подигање на свеста за управување со отпад и поттикнување транснационална соработка.

Држави учеснички во спроведувањето на овој проект беа Република Бугарија, преку градот Пазарџик и Република Грција, преку градот Лариса.

Директно инволвирани во спроведувањето на проектот беа основно училиште „Професор Иван Батаклиев“ од град Пазарџик , Р.Бугарија и основно училиште „90ТА гимназија“ од градот Лариса,Р.Грција , НВО Центар за одржливост и економски развој од Пазрџик, Р.Бугарија и НВО „Алтернативен иновативен развој“ од Лариса, Р.Грција.

Од Кочани, проектен партнер за реализација на овој проект беше НВО Локална акциона група-Кочани.

ОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ – Кочани

Сподели: