В четврток и петок, на 28 и 29 ноември 2019 година, комуналните служби од Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и Центарот за јавно здравје ќе спроведат превентивна дератизација во Кочани и во населените места.
За таа цел на Градската депонија, во канализациските системи во Кочани и во селата Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање ќе бидат употребени 240 кг кумарински мамци.
Дератизацијата се реализира согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани во 2019 година, а споредобврските од договоротсклучен со Центарот за јавно здравје – Кочаникакоизбран носител на јавната набавка.
За спроведувањето на општата дератизација се издвоени средства од општинскиот буџет во висина од 155 илјади денари.