По повод двојното празнување, Денот на ослободувањето на Кочани и независноста на Македонија, Здружението на граѓани „Три икс три“ на игралиштето во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ организираше турнир во баскет, три на три.
На турнирот настапија 12 екипи натпреварувајки се во систем на вркстување и елиминација.
Прво место на турнирот освои екипата на „Еуроконтрол“ која се закити со пехар и вредносен ваучер од 30 илјади денари. На второпласираната екипа на „Даст-инг“ и беше доделен ваучер од 20 илјади денари додека третото место и припадна на екипата „Лол ОГС“ која доби ваучер од 10 илјади денари.
За најкорисен играч на натпреварот(МВП) наградата му припадна на Михаил Николов.
Покрај турнирот во баскет учесниците и посетителите можеа да уживаат и во културно-уметничкиот дел кој беше исполнет со музика од повеќе ДЈ артисти од градот.
Целиот настан беше подржан од Општина Кочани и се планира да прерасне во традиционален.
А. Арсов