Ждребувани екипите за учество на 22. Петровденскиот турнир во мал фудбал

В понеделник, 1 јули, во 19 ч. на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од претстојниот 22. Петровденски турнир во мал фудбал.

Претставници на  ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот денеска во венчалната сала, со ждребување го утврдија распоредот на пријавените седум екипи.

Годинава натпреварувачите ќе настапат во две натпреварувачки групи и тоа:

Група А: „Џинџер“, „Астон Вила“, „Рели“ и „Ауто Велт“

Група Б: „Естон Дизајн“, „Амфенол“, „Масив Дизајн“

Четвртата екипа во група Б ќе биде првата што ќе се пријави до почетокот на турнирот, истакнаа организаторите.

На отворањето на турнирот в понеделник (1 јули) од 19 ч. ќе се сретнат тимовите на „Џинџер“ и „Ауто Велт“, додека од 20 ч. екипите на „Астон Вила“ – „Рели“.

Финалето на турнирот е закажано за 12 јули (петок), на празникот на градот Петровден.

И. Матеничарски

Сподели: