Женско е првото бебе родено во Кочани во Новата 2022 година. Од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани за „Гласно“ појасни дека новороденчето на свет го донела Ивана Тасева, мајка второротка од Кочани.
Првото бебе на свет дошло по природен пат, денес попладне, 01 јануари 2022 во 14:50 минути на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани.
-Го добивме првото бебе во Кочани во Новата 2022 година. Мајката е вторототка, роди здраво женско бебе со тежина од 3,4 килограми и должина од 50 сантиметри, изјави Д-р Александар Серафимов, директор на кочанската болница.
И. Матеничарски
.