Жителите на „Евлија Челебија“ шест месеци чекаат асфалт на прекопаната улица

Жителите на улицата „Евлија Челебија“ (поранешна „Велко Влаховиќ“)  во Кочани шест месеци чекаат надлежните да го санираат асфалтот, кој поради замена на водоводна цевка бил ископан и денес претставува проблем.

Асфалтот, како што велат, бил прекопан за да се замени дотраената цевка, а по санацијата не е асфалтирано.

Жителите пријавувале до службите, но засега никој не се заинтересирал да си ја доврши работата до крај и одново да асфалтира. Велат дека додека едниот проблем со водоводната мрежа е решен, сега имаат нов, кој им го попречува нормалното движење по и така тесната улица.

Жителите на „Евлија Челебија“ се надеваат дека надлежните служби ќе реагираат час поскоро и ќе си ја завршат започнатата работа до крај.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: