Жителите на населбата Драчевик в понеделник излегуваат на мирен протест, бараат запирање на изградбата на социјална зграда

Жителите на населбата Драчевик в понеделник излегуваат на мирен протест преку кој ќе побараат да се запре изградбата на новата социјална зграда во населбата, се до исполнување на нивните барања.

Тие реагираат дека во последно време во населбата е нарушен редот и мирот, особено како што велат, од дел од станарите кои живеат во Ламела 2 од социјалната зграда.

Кон известувањето за протестот се потпишани 160 жители на Драчевик при што до надлежните испратија неколку барања:

  • Враќање на редот и поредокот во населбата Драчевик, кои во голема мера се нарушени од дел од станарите кои живеат во Ламела 2 од социјалната зграда во населбата Драчевик.
  • Подобрување на водоснабдувањето во населбата имајки во предвид дека во летниот период Драчевик има проблеми со недостаток на вода и воедно изработување на студија за тоа како изградбата и вслеувањето во Ламела 3 од социјалната зграда во населбата Драчевик би влијаело на водоснабдувањето во населбата
  • Спречување на уништување на зелениот појас кој се наоѓа над населбата
  • Подобрување на чистотата и зеленилото во Драчевик, кои во голема мера се нарушени по вселувањето на дел од станарите  во Ламела 2 од социјалната зграда
  • Спречување на дивеењето со возила без регистарски ознаки
  • Спречување на зголемениот број на кражби и други кривични дела кои драстично се зголемени во последнот период„, стои во писменото барање.

Протестот е закажан за в понеделник, 10-ти мај со почеток од 17 ч. , пред Детското игралиште во кругот на социјалните згради во Драчевик.

И. Матеничарски

Сподели: