Жителите на с. Чифлик излегуваат на блокади – се бара решавање на проблемот со водоснабдувањето и канализациската мрежа во селото

Преку блокирање на магистралниот пат Штип- Кочани, жителите на селото Чифлик  в недела, 18 јули со мирен протест ќе го искажат својот револт, со барање до локалната самоуправа на  Чешиново-Облешево да го реши повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето и  нефункционалната канализациска мрежа во селото.

-Месната заедница на с.Чифлик организира мирен протест преку кој сакаме јавно да го изразиме нашето незадоволсто  од нерешениот повеќедецениски проблем со водоснабдувањето. Немаме водовод и чиста вода за пиење, изведена е нефункционална канализациска мрежа  и бараме да се изгради пречистителна станица за отпадните води. Протестот е закажан за в недела, 18 јули, со почеток од 10 до 12  ч. кога планирано е  на два часа да го блокираме магистралниот пат Штип- Кочани, кај с. Чифлик, стои во соопштението на Месната заедница Чифлик, испратено до интернет-порталот „Гласно“.

Од МЗ на селото Чифлик ги повикуваат сите жители да го поддржат јавниот собир се мирно протестирање и искажување на незадоволство.

И. Матеничарски

Сподели: