Жители на село Чифлик до интернет-порталот „Гласно“ испратија соопштение во врска со најавените блокади и протест за в недела (18 јуни).
Соооштението ви го пренесуваме во целост:
„ Како жители на с.Чифлик би сакале да го изразиме нашето не задоволство поради немање основни услови за живот, а во недела тоа ќе го направиме преку мирен протест на магистралниот пат Кочани-Штип.
Она на што би сакале да ставаме акцент на самиот почеток е воздржување од било какво политичко етикетирање на истиот. Се работи за изразување на незадоволство кое се таложи назад низ годините, период во кој и двете најголеми политички партии ја имале моќта за дејствување како и свој претставник за менаџирање на локалната самоуправа.
Со административната поделба на Македонија во 1994 година с.Чифлик беше дел од општина Облешево, а со територијалната поделба во 2004 година е дел од Општина Чешиново-Облешево. Од тогаш па се до денес, во перод од 27 години инвестиции за поставување на водоводна и канализациона мрежа се направени во 2002 година со поставување на водоводна мрежа која што до денес не е функционална и во 2015 година поставување на примарна канализациона мрежа. Поради не постоење на прочистителна станица која што ќе го овозможи текот на отпадните води оваа мрежа e не функционална, а под сомнеж е и инсправноста на истата.
Со живот без решени прашања за водоводна и канализациона инфраструктура жителите на селото сме лишени од достоинствен живот. Нарушено е едно од основните човечки права, правото на пристап до чиста и здрава вода за пиење. Дополнително, условите за живот се загрозени со испуштање на отпадните води, проблем за кој досега никој од владеачките структури не пројавил интерес за негово решавање. Како резултат на ваквата состојба, секој жител има свој индивидуален пристап во изнаоѓање решение т.е копање јами или испушање на фекалиите во ископани канали од кој што се шири ареа и претставуваат сериозна закана по здравјето на луѓето.
Скоро триесет годнини жителите на с.Чифлик буквално молат за обезбедување основни услови за живот и заштита на нивното здравје, триесет години сите политички партии континуирано ги користат овие проблеми во нивните политички кампањи барајќи ја поддршката на жителите на изборите, но веќе е доста! Доста ни е овој проблем само да се пишува и останува на хартија како дел од следната политичка кампања.
Сметаме дека е време конечно да се слушне нашиот глас. Гласот на незадоволството од очајната состојба во која живееме.
Бараме ЗДРАВЈЕ, бараме ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ!“