Жителите на улиците „Ѓорѓи Пулевски“, „Солунска“ и дел од „Енгелсова“ што се наоѓаат во близина на поранешна „Дневна нега Атом“, се жалат дека од 3-ти април немаат постојано улично осветлување.
Иако неколкупати пријавувале до надлежните во Општината и фирмата која е избрана да го одржува уличното осветлување, нивниот проблем сеуште не е решен.
- „Немаме улично осветлување од 3-ти април, на улиците„ Ѓорѓи Пулевски“, „Солунска“ и дел од „Енгелсова“. Пријавивме на 4-ти април, дојдоа по два дена при што го „решија проблемот“ за една ноќ. Наредниот ден немавме улично осветлување и повторно пријавивме. Дојдоа на 10-април и го пуштија да свети 24 часа. По нивно кажување дефектот е поради дотраен дел, кој очекувале да пристигне за да го заменат. Од 14-ти април до денес немаме улично осветлување, никој ништо не презема, а велигденските празници ги поминавме во тотален мрак“ – изјави револтиран жител на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ кој сакаше да остане анонимен.
Поради проблемот, граѓаните се принудени ноќно време да ги оставаат да светат сијалиците во дворовите, за да имаат колку толку светилна на улицата. Тие додадоа дека редовно ја подмируваат таксата за улично осветлување и се надеваат дека час поскоро, општината и фирмата која го сервисира уличното осветлување ќе им излезат во пресрет.
Меѓудругото жителите стравуваат и за своите имоти, бидејки периодов е зголемен бројот на кражби, а мракот е одлична можност за крадците.
Со сличен проблем се соочуваат и жителите на улиците „Искра“ и „Климент Охридски“ што се наоѓаат во наслебата Усова чешма.
Со реакцијата, тие очекуваат надлежните служби веднаш да го решат проблемот и уличното осветлување да биде ставено во функција.
И.Матеничарски