Жители на „Браќа Ставреви“ бараат поставување на „легнати полицајци“ на улицата

Жителите на реконструираната градска улица  „Браќа Ставреви“ преку интернет – порталот „Гласно“ побараа поставување на т.н „легнати полицајци“ за успорување на брзината на движење на возилата низ сообраќајницата.

Реагираат дека откако улицата е реконстуруирана и доби нов асфлат, возилата возат многу побрзо од претходно и постои опасност за пешаците, жителите и другите учесници во сообраќајот .

Побараа надлежните на коловозот да постават забавувачи на брзината , т.н „легнати полицајци“  и рано да се превенираат несакани несреќи.

Освен на „Браќа Ставреви“ потреба за поставување на успорувачи на брзината има и на улицата „Страшо Ербапче“, „Тодосија Паунов“ и други.

Поставувањето на „легнати полицајци“ може да се иницира преку Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата или на новоформираната работната група  за изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: