Жители на Кочани преку писмен допис реагираат на чадењето на Градската депонија над Бели

Писмена реакција на жители на Кочани  поради чадењето на Градска депонија над село Бели:

„До директорот на КЈП Водовод – Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани

Јавен повик

Ние граѓаните на град Кочани: Најнапред ви го честитаме изборот на вашите високи и одговорни функции а воедно ви ги честитаме новогодишните и Божиќните празници.

Ве молиме да не дозволите да се гушиме и труеме од сопственото ѓубре имено:

Пред извесно време на сличен начин реагиравме за горењето на Виничката депонија кај село Лески и локалната самоуправа на Виница го реши овој проблем, меѓутоа овие денови пламна Кочанската депонија па ве молиме да не чекате истата да гори пет или шест месеци како што гореше Виничката туку да реагирате веднаш како би си го заштитиле сопственото здравје и здравјето на жителите од поширокиот регион.

Ви благодариме за собирањето на дивата депонија во Трајаново Трло вам и на членовите на еколошкото друштво, ги подржуваме и ги поздравуваме ваквите акции и очекуваме дека ќе се продолжи со таа пракса.

Граѓани на град  Кочани”

Сподели: