Жители на три кочански населби утре излегуваат на протест во Градскиот парк во Кочани

Жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик утре излегуваат на мирен протест во Градскиот парк во Кочани , поради како што велат, високата стапка на криминал и разбојништва во Кочани.

Во писменото соопштение преку кое ги известуваат граѓаните на Кочани и ја бараат нивната поддршка стои:

„Почитувани сограѓани,

сакаме да ве информираме дека на 16.04.2021 година (петок) со почеток од 15:30 часот во Градскиот парк во Кочани ќе биде одржан мирен протест поради високата стапка на криминал и разбојништва во населбите Трјаново Трло, Усова чешма и Шатровик.

Ве повикуваме на мирен начин да го искажеме нашиот револт и незадоволство поврзани со овие девијантни појави во нашето општество кои се провлекуваат со години и станаа наше немирно секојдневие.

Сакаме да си го вратиме мирниот, достоинствен и безбеден живот за нас и нашите најблиски и затоа ве повикуваме сите кои на некој начин сте засегнати со вакви или слични проблеми поврзани со безбедноста и намалениот квалитет на живот, со вашето присуство да не поддржите во нашите заложби“, стои во повикот на жителите на Трјаново Трло, Усова Чешма и Шатровик.

Сподели: