Жител на Кочани извршил разбојништво во казино, но е фатен на граничен премин

Жител на Кочани извршил разбојништо во казино, но при обидот за бегство, е фатен на граничниот премин Делчево. 

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кочани поднела кривична пријава против 32-годишниот Б.С. поради основано сомнение дека сторил разбојништво.

 – Пријавениот на 22 декември во казино на улицата „Маршал Тито” во Кочани физички ја нападнал вработената и одзел кутија со пари. Веднаш биле преземени мерки и Б.С. бил лишен од слобода на граничниот премин „Делчево“, се вели во соопштението на СВР-Штип.

При претрес во неговото возило била пронајдена кутијата со 76.400 денари. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. 

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial