Почитувани,
Сакаме да ве информираме дека работите на фудбалски план во организација на ОФС – Кочани не одат на добро.
Формиравме Женски Фудбалски Клуб, кој моментно брои околу 30 девојчиња од 10 до 14 годишна возраст. Сите тие уредно се регистрирани во 2021 година. Тогашниот секретар на ОФС Кочани иако сојузот нема донесено одлука по која тарифа ќе се плаќаат регистрациите на различните категории играчи ни ги фактурирал по 800 денари за еден играч, тарифа која е за играчи во прва лига.
Во овој преоден рок 4 девојчиња што се регистрирани во ЖФК Кочани а цела година тренираат со нас сакавме да ги пререгистрираме, но наидовме на неспортска препрека од сегашниот “претседател” на ОФС Кочани кој му наредил на секретарот да не ги регистрира додека не ја платиме фактурата, бидејќи тоа било одлука на Управниот Одбор. Ние прашуваме дали таа одлука важи само за нас, бидејќи има клубови должни со поголема сума а на нив се регистрираат играчи а долгот си стои.
Ние 2 дена му звоневме на претседателот на ОФС Кочани за да седнеме и да се договориме колку и како да платиме, но тој никако не се јавува на повиците.
Ние како клуб имаме разбирање за неговата презафатеност бидејќи да се биде истовремено наставник, тренер и Претседател на ГФК Осогово, комет администратор и Претседател на ОФС не е едноставно.
Затоа бараме надлежните институции и ФФМ да го решат овој проблем кој не е само наш туку е и на целата фудбалска јавнос, бидејќи поради ваквите недоречености најмногу децата страдаат.
Со почит
Од ЖФК Фудбал Старс