Завршена дератизацијата на канализацискиот систем на подрачјето на Кочани

Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани во 2019 година, беше реализирана превентивна дератизација на Градската депонија и на канализациските системи во Кочани и во седум населени места.

Дератизацијата ја спроведоа стручните служби од Центарот за јавно здравје како избран носител на јавната набавка, во координација со службите од Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

За таа цел на Градската депонија, во канализациските системи во Кочани и во селата Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање, во 333 шахти беа употребени 250 кг кумарински препарати во облик на мамци.

Дератизацијата се спроведе со средства од Буџетот на Општина Кочани во висина од 155 илјади денари

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial