Завршен концерт на учениците од Школата за гитара „Music On“

По повод успешно завршување на учебната година, учениците од школата за гитара „Music On“ синоќа на завршен концерт се претставија пред публиката во Кочани.

Публиката уживаше во богатиот репертоар со нумери од познати домашни и странски изведувачи, отсвирени од талентираните ученици на Школата за гитара „Muic On“, под менторство на професорот по гитара, Дејан Алексовски.

Во двочасовната изведба, гитаристите се претставија со познати хитови од Нон Стоп, Некс Тајм, Ареа, Тоше Проески, но и светски познатите Scorpions, The Beatles и Pink Floyd.

Јавниот час на учениците од „Music On“ беше првенче на школата за гитара, по ребрендирањето од поранешната школа „Ги-То“.

Настанот се одржа со ограничен број на публика и со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

И. Матеничарски

Фото: Љ. Тодоров

Сподели: