На завшен настан во СОУ „Љупчо Сантов“ –Кочани денеска беа презентирани резултатите од Еразмус + проектот, “Креативни вибрации при планирање на кариера со користење на иновативни наставни методи: Гамификација, Размислување за дизајн и учење засновано на проекти “ кој во изминативе три години се спроведуваше во средни училишта од С. Македонија, Полска, Италија, Шпанија, Португалија и Романија.
Од училиштето активно учествуваа 6 професори и 25 ученици.
Проектот имаше за цел да покаже како да се испланира и да се изгради патека за кариера, кои елементи треба да се земат предвид, кои клучни компетенции треба да се развиваат и како да се исполнат барањата на пазарот на трудот во иднина.
Беа реализирани шест краткорочни размени на ученици и наставници. Во рамките на проектот имаше работилници на теми: Деловни симулации и други активности за гејмификација; Студија за најбараните професии и влијанијата во промената на пазарот на труд; Вербална и невербална комуникација и лична SWOT анализа. Управување со времето и управување со стресот. Видео упатства за барање работа и интервјуа; Креирање и развој на сопствени бизнис идеи. Деловни модели со методот Canvas; Примена на методот „Desgin Thinking“ во решавањето на можните работни проблеми и во остварувањето на сопствените бизнис идеи; Прославување на Кариерен фестивал како кулминација на проектот со конференции, интервјуа, работилници итн.
За сите овие активности од страна на членовите на нашиот проектен тим беа изработени видео материјали и презентации.
Проектот беше финансиран од програмата за мобилност Еразмус + на Европската Унија, реализиран под менторство на професорката Весна Кушевска од СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани.
СОУ „Љупчо Сантов“