Завршен настан на проектот за зајакнување на капацитетите на општините за собирање на приходите од сопствени извори

Во текот на минатата недела на 22 јуни 2022 година, проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ги претстави успешните меѓународни и домашни практики за ефективно прибирање на општинските приходи од сопствени извори. Исто така беа презентирани предизвиците и препораките за подобрување на општинските приходи од сопствени извори и потребата од подобрување на законската рамка за ова прашање.

На именуваниот настан каде што се истакна и поддршката кон Општина Кочани учествуваа градоначалници, меѓу кои и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претставници од општинските даночни одделенија од партнер-општините и претставници од институциите на централната власт и собраниската Комисија за локална самоуправа.

Претставникот на УСАИД во Северна Македонија, Џејмс Стајн и директорката на Проектот, Гинка Капитанова имаа воведно обраќање, а Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, го презентираше ставот на ЗЕЛС во однос на наплатата на приходите од сопствени извори и администрирањето на општинските даноци.

Сподели: