СОУ „Гошо Викентиев“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани денеска во Кочани го реализираа завршниот настан за дисеминација на резултатите од проектот „Концептуален модел за кариерно советување за зголемување на ИКТ претприемачките вештини на учениците од средните училишта“.
На настанот беа презентирани проектните активности на партнер – училиштата во проектот преку споделување на искуства и видливи резултати на проектот кој се спроведуваше изминатиов период.
– Проектите се поврзани со иновативни пристапи во рамките на образованието, пред се оди кон дигитализација на образовниот процес, иновативни методи кои би придонеле кон побрз развој на учениците во рамките на наставните предмети кои ги изучуваат – истакна Марија Величкова, претседател на ЗПЕР – ЛАГ Кочани.
На завршниот настан присуствуваа 40 – тина локални претставници од заинтересирани субјекти чија дејност е поврзана со воспитно – образовните процеси, односно носители/креатори на локални политики и претставници на невладиниот сектор на Р. Хрватска и Р. Грција кои се партенри во проектот.
Проектот се реализираше преку Еразмус + програмата на Европската Унија.