Пред преполниот плочник во Паркот на револуцијата, ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани и годинава традиционално го реализираше Новогодишниот концерт на учениците и професорите од кочанското основно музичко училиште.
Хорот при кочанското музичко училиште вечерва се претстави пред кочанската публика со новогодишни и божиќни теми.
Концертот беше можност да се прикаже пред публиката сработеното на учениците и професорите во годината што изминува. Годинава новогодишниот концерт се реализира на отворено во рамки на Новогодишниот базар.
Претходните два дена, учениците настапија пред основците од училиштата во Кочани, додека вечерва концертот беше наменет за пошироката јавност.
Главен покровител на новогодишниот концерт и годинава е Локалната самоуправа на Општина Кочани.
И. Матеничарски