По повод успешно завршување на учебната година, учениците од школата за гитара „Music On“ синоќа на завршен концерт се претставија пред публиката во Кочани.

Во големата сала на Мултикултурниот центар публиката уживаше во богатиот репертоар со нумери од познати домашни и странски изведувачи, отсвирени од талентираните ученици на Школата за гитара „Muic On“, под менторство на професорот по гитара, Дејан Алексовски. На јавниот час настапија 32 ученици распоредени во 16 групи кои изведоа по две нумери.


Во двочасовната изведба, гитаристите се претставија со познати хитови од Брејк, Ареа, Тоше Проески, Конкорд, но и светски познатите The Beatles, The Eagles, Scorpions и Queen.


Јавниот час на младите гитаристи се организира традиционално се со цел да се прикаже сработеното и трудот на талентираните музичари во текот на учебната година.

Школата за гитара „Music On“ е единствена школа за гитара во градот која нуди професионално изучување на гитарата како инструмент за сите генерации млади и возрасни.
И. Матеничарски
