Заврши најдолгиот полициски час, денеска забраната за движење продолжува од 16 часот

Утрово во 05:00 часот заврши најдолгата 85-часовна забрана за движење на целата територија на државава, која почна во петокот од 16:00 часот.

Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица од 16 часот попладне до 5 наутро. Во сила е забраната за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните од 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот.

Сопствениците на кучиња може да ги изнесат надвор своите миленици од 20 до 20:30, и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Движењето за време на полициски час им е дозволено само на категории граѓани кои имаат работни обврски и поседуваат дозволи што ги издава Министерството за информатичко општество и администрација.

Од Владата најавуваат дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial