Заврши првото пријавување за упис во средните училишта во Кочани

Од завршените 320 основци во Кочани, за школување во двете средни кочански училишта се пријавилe вкупно 281 ученик.

По првото пријавување во првиот уписен рок, во Гимназијата „Љупчо Сантов“ сепријавиле 129 ученици, од кои за насоката економски техничар 61 ученик, а за општа гимназија 68.

Во однос на лани, забележан е зголемен интерес за економската струка.Во Техничко училиште „Гошо Викентиев“ пријави поднеле вкупно 152 ученика, од кои најголем број во електроструката – 97, потоа во сообраќајната каде конкурираат 33 ученици, а во машинската 22.

Веќе традиционално, најпривлечна е насоката закомпјутерска техника и автоматика, каде за 34 места конкурираат 47 ученика. За занимањата, односно за тригодишно образование, засега се пријавени 12 ученика.

Во текот на пријавувањето, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги посети двете средни училишта, со цел да се запознае со интересот на учениците,предизвиците со кои се соочуваат училиштата и мерките за привлекување на ученициод регионот.

Двете средни училишта очекуваат да го задржат истиот број паралелки како и минатата учебна година: осум во СОУ „Љупчо Сантов“, девет во „Гошо Викентиев“.

Второто пријавување од првиот уписен рок е идната недела, на 24 и 25 јуни, а вториот уписен рок на 29 јуни.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial