Заврши реконструкцијата на патот од Кочани до Мојанци

Целосно е завршена реконструкцијата на локалниот патен правец што го поврзува Кочани со трите села Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.

Реконструираниот локален пат овозможува побезбеден приод за околу 1 500 жители од овој крај. Реконструкцијата опфати проширување на коловозот од 3 на 4,5 метри, изградба на тротоар од едната страна со ширина од 1,5 метар, кој може да се користи и како велосипедска патека.

–Како што беше најавено, следната фаза по завршувањето на реконструкцијата е осветлувањето, што ќе му даде нов, урбан лик на овој рамничарски дел од Кочани иќе биде убав пример како населените места треба да бидат поврзани со административниот центар – истакнува Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Реконструкцијата се реализираше со грант од над 15 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка како дополнување на проектот за изградената регионална Пречистителна станица за отпадни води што е лоцирана во близина на селото Мојанци.

Сподели: