Заврши рехабилитацијата на улицата „Илинденска“ во Кочани

Со асфалтирањето на вториот дел од улицата „Илинденска“, заврши рехабилитацијата на 400 метри од оваа сообраќајница во централното градско подрачје на Кочани.

Според стручните служби рехабилитацијата опфати и изградба на потпорен ѕид и на сливници за атмосферската вода.

Работите ги изведе градежната фирма „Стоименов“ од Кочани.

Средствата во висина од 1 милион и 500 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Сподели: