Завршна прес-конференција на Николчо Илијев, кандидат за градоначалник на Кочани од СДСМ и коалицијата

Почитувани сограѓани,

Во пресрет на гласањето за Локалните избори 2021 година, дозволете ми да ви се заблагодарам што изминативе 3 седмици, како и во претходните 4 години комунициравме редовно и соработувавме одлично со единствена цел – остварување на јавниот интерес во нашата локална средина.

Ве повикувам, в недела да го искористите вашето демократско право, да гласате мирно и достоинствено, како што му доликува на урбано и современо Кочани.
Пенкалото и параванот се само ваши и одлуката е само ваша! Локалните избори се многу важни за развојот на средината во која живееме! Затоа изберете го најдоброто за Кочани!

Ви благодарам на сите што ги препознавате и отворено ги поддржувате напорите Кочани да го направиме привлечно и пристојно место за живеење! Подготвен сум и натаму максимално да придонесувам за унапредување на квалитетот на живеење во нашата средина!

Продолжуваме понатаму!

Ви благодарам!

Сподели: