Приватната детска градинка „Амичи“ на завршна приредба го одбележа успешното завршување на учебната година, настан кој градинката традиционално го организира секоја година.


На отворено во ресторанот „Аква“ дечињата и наставничките приготвија пригодна програма на која се претставија со музичко – ритмички точки пред публиката од родители.
– Организираме свечена програма заедно со учителките и сите дечиња од нашата градинка на кои присуствуваат родителите. Со настанот означуваме крај на учебната година на дечињата кои завршуваат во големата група. Дечињата добиваат предучилишна диплома и подароци од „Амичи“ за успешен почеток како првачињата, истакна Тодорка Таковска, од „Амичи“.


Од ПДГ „Амичи“ истакнаа дека летниот период продолжува дневниот престој на дечињата од прво, второ и третто одделление, а паралелно со почетокот на новата учебна година првата приватна детска градинка во Кочани ги очекува своите нови членови.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов





