Почитувани сограѓани, промените започнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани.
Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат.
Останува само уште еден чекор до новата иднина.
Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани.
Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина. Ајде заеднички да ја оствариме целта.
На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи.
Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани.
Ви благодарам.
Љупчо Папазов,
кандидат за градоначалник на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Видео изјава со клик ОВДЕ.