Завршува изградбата на тротоарот на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани

Во завршна фаза е вградувањето на бехатон плочките  со кои се заменува оштетениот асфалтен слој на тротоарот на потегот од Стари парк кон Градскиот плоштад, на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани.

Изминатите две седмици работите се одвиваа од едната страна на улицата, каде се поставени плочки во должина од 180 метри. Реконструкцијата опфати и замена на дел од уличните рабници со нови,повисоки, за да се намали можноста за злоупотреба на овие површини од непрописното паркирање.

Изведувачот на тротоарите, градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци, ќе ги продолжи работите на изградба на тротоар во населбата Валог, кај повеќенаменското игралиште.

Сподели: