Во пресрет на деновите од викендот, а во контекст на вонредната состојба и мерките што произлегуваат за спречување и заштита од ширење на коронавирусот, Општина Кочани потсетува на забраната за движење.
Забраната за движење в сабота и недела започнува во 16:00 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев повикува доследно да се почитуваат сите мерки и препораки од Владата, Министерството за здравство и Светската здравствена организација, бидејќи само на тој начин ќе се даде придонес во намалувањето на ризиците за ширење на болеста КОВИД-19.