Заедничка еко акција на ученици и родители од ООУ „Никола Карев“ – засадени 200 садници медоносни дрвја

Во рамки на новата концепција за основно образование за слободни изборни предмети, ученици од V-3 одделение при ООУ „Никола Карев“ – Кочани реализираа акција за засадување на медоносни дрвја.

Учениците и родители заедно со нивната наставничка Катерина Синадиновска во рамки на предметот „Јас и природата“ засадија 200 садници медоносни дрвја во подножјето на Осоговските Планини.

Активноста е во рамки на предметот кој е дел од новата концепција за основно образование. Целта е подигање на свеста кај учениците за зачувување на природата, односно одговорно однесување на луѓето за зачувување на биодиверзитетот.

Акцијата се реализираше со поддршка на ЈП „Национални шуми“ – подружнца Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: