Луѓето меѓусебно се разликуваат по бојата на кожата, полот, возраста, висината. Меѓутоа постојат некои работи кои на сите ни се заеднички. Во денешната статија избравме неколку интересни факти од психологијата кои ќе ни помогнат полесно да се разбереме себе, но и останатите.
Прочитајте ги во продолжение избраните занимливости.
1. 66 денови му се потребни на човекот во просек за да створи некоја нова навика.
2. Со затворени очи полесно ги помниме информациите.
3. Мозокот и желудникот кај човекот се тесно поврзани, затоа некои емоции многу се одразуваат на работата на желудникот, на пример грижата.
4. Ако ги запишуваме своите сонови полесно ќе ги остваруваме.
5. Семејството и блиските пријатели се најважен извор за среќно детство.
6. Способноста да се размислува за тоа како размислуваме е знак за висока интелигенција.
7. Во секој човек се комбинираат три поединци: оној за кој човекот мисли дека е, оној кој другите го сметаат дека е, и оној кој е човекот вистински.
8. Од сите човечки сетила мирисот е најтесно поврзан со помнењето.
9. Многу е лесно да се доминира над соговорникот ако зборуваме со тивок и мирен глас. Посебно во конфликт.
10. Луѓето кои знаат да кажат “благодарам“ се многу посреќни и позадоволни.
11. Најефикасен начин за помнење информации е пауза од 10 минути, после 30 до 50 минути учење.
12. Однесувањето на заљубениот човек е слично на однесувањето на нервно заболен човек.
13. Ако пред испит на лист ги напишете сите ваши искуства, тоа ќе ви помогне да освоите повеќе поени.
14. Недостатокот на сон предизвикува раздразливост и го зголемува ризикот од депресија.
15. Пет најраспространети кошмари се паѓање, прогонување, парализираност, доцнење и смрт на блиска особа.
16. Човекот брзо донесува одлуки кога сака да оди во тоалет.