Започна асфалтирањето на улицата „Мишо Арсов“ којашто го спојува Кочани преку месноста Пресечена Скала со главниот пат до селото Гратче. Изведувачот, градежното претпријатие „Стојменов“, ќе поставува асфалт на 1414 м, а веќе е изграден тротоар во должина од 200 м.
Изградбата на улицата „Мишо Арсов“ и поврзувањето на Оризари со Кочани преку улицата „Енгелсова“ позната како Пазарски Пат се овозможени со мерката Развој на јавната инфраструктура во рурални средини преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Платежната агенција годинава за овие два проекта одобри износ од 20 милиони денари. Учеството на Општина Кочани е во висина од близу 4,2 милиони денари.
