Започна жетвата на оризот во Кочанско – првиот сноп ориз го ожнеаа жетварските убавици

Со рачно зажнејување на ориз со срп и вршење на гумно, утринава во населбата Оризари започна годинашнава жетва на оризовата култура, во рамки на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Пред многбројните гости и делегации од Македонија и странство со благослови и народна песна првиот сноп го ожнеаја овогодиниешните жетварски убавици, поддржани од членовите Здружението на пензионери од Кочани.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој присуствуваше на настанот посака успешна жетва, богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година.

По жетвата беше прикажан обичајот на вршидба, а во продолжение следуваа настапи на учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“, ФА „Љупчо Сантов”, оркестар „Мелем“ и концерт на фолк пеачот Дамјан Стојаноски.

Во рамки на манифестацијата, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов додели награда најдобар оризопроизводител за 2023 година, признание кое годинава и припадна на двајца оризопроизводители од Оризари, Сашко Трајчев и Сашко Стојанов.

Големиот број на гости имаа можност да уживаат во изложбените традиционални ракотворби и традиционална храна подготвена од страна на домаќинките од Оризари.

ИМатеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: