Започна изградба на каптажа и поставување елементи за механичко прочистување на вода за жителите на Мородвис

Локалната самоуправа на Зрновци з-апочна изградба на каптажа со таложници и водоводни елементи за механичко прочистување на вода за дожаќиинствата во селло Мородвис.

– Денес во село Мородвис започнуваме со изградба на втора фаза “Каптажа со таложници и водоводни елементи за механичко прочистување на водата за домаќинствата”.

По пробиениот планински пат покрај Морошка река и завршените земјени ископи, створивме услови за грaдежните активности за целосна реализација на овој проект.

Во 2022 година беше завршена првата фаза со што обезбедивме постојано водоснабдување на домаќинствата во село Мородвис, кои што со децении имаа огромен проблем особено во летниот период.

По завршување на втората фаза го решаваме и механичкото прочистување на водоснабдителниот систем и конечно ставаме крај на овој горчлив проблем.

Она што го ветуваме го исполнуваме во целост, продолжуваме одговорно и посветено со многу труд и енергија во реализација на проектите за подобрување на секојдневието и условите за живот во општина Зрновци, соопшти Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.

Сподели: