Започна иницијатива за заедничко здружување и делување на невладини организации и здруженија од Кочани

Заедничко здружување и делување во областа на екологијата, заштита на животната средина и други области  беше тема на денешната прва информативна средба на претставници на невладини организации и здружениjа од Кочани.

Иницијативата е само почеток на една пошироко делување на граѓанскиот сектор со цел решавање на проблеми од локалната средина.

-Поучени од досегашните искуства во борбата за чистиот воздх и вода и воопшто за животната средина во Кочани ја инициравме денешната средба која е само почеток на едно пошироко делување и здружување на невладиниот сектор во Кочани. Здружени можеме да направиме многу повеќе, со цел граѓанскиот збор да има поголема вредност во локалната средина. Досега нашите состаноци беа насочени кон борба против загадувачот „Пејпар Мил“, но и другите загадувачи, а ќе делуваме и за запирање на изградба на мини хидроцентрала на Мала Река“, соопшти Зоран Тодоров од невладината организација „Грин-орг“.

Како што истакна Тодоров, ваков начин на здружување на невладини организации и здруженија од различни области веќе функционира во други градови во Македонија, а идејата е да се примени и во Кочани.

Иницијативата е отворена за сите невладини организации и здруженија од Кочани кои имаат идеи и желба за заедничко здружување и делување.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: