Започна пријавувањето за 61-от Драмски аматерски фестивал на Македонија

Започна пријавувањето на учесниците на овогодинешниот Драмски аматерски фестивал на Македонија што ќе се одржи од 22 до 29 мај 2020 година во Кочани.

Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија-Кочани имаат аматерски театри, работлиници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат на полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели.

Вкупниот број на членови во аматерскиот театар што учествува во подготовка и изведба на драмскиот проект не може да изнесува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл, а за меѓународните аматерски ансамбли тој број изнесува 10 лица. 

Пријавите за учество на изборот на претстави за ДАФ-Кочани 2020 се доставуваат најдоцна до 15 април  2020 година, на е-пошта: dafkocani@gmail.com

Повеќе информации можете да добиете од извршната канцеларија на ДАФ на Македонија, на телефоните: 033/272-964 и моболен: 070/621-726; или на официјалната веб страна на ДАФ.

Сподели: