Започна со работа новата музичка школа „Sound Centar“

Денеска во Кочани официјално започна со работа  Музичката школа „Sound Centar“.

Лоциран во простории кај Спортската сала „Сашо Лазарев Чапо“ музичката школа нуди можност за изучување на гитара и ударни инструменти за деца, тинејџери и возрасни.

Со школата раководи наставникот по гитара Воислав Петров, а изучувањето на ударни инструменти е доверено на Емил Милев.

– Од денеска официјално започнува со работа музичката школа „Sound Centar“. Во школата ќе се изучува електрична, акустична, класична и бас гитара и ударни инструменти. Наставата ќе се одвива како индивидуални часови и групна настава. Сите заинтересирани, од сите возрасти што имаат желба за музика може да се пријават во училиштето, истакна Воислав Петров од „Sound Centar“.

Од музичката школа „Sound Centar“ истакнаа дека се задоволни од заинтересираноста за изучување на гитара и ударни инструменти.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: