Започна со работа првиот Логопедско – дефектолошки едукативен центар „Наш свет“ во Кочани

Во Кочани започна со работа првиот од ваков вид Логопедско – дефектолошки едукативен центар „Наш свет“.

Специјализираниот едукативен центар нуди најразлични услуги и третмани за деца од предшколска и школска возраст. Опремен е со современи средства и помагала кои помагаат во поттикнување на детскиот развој, заедно со активности приспособени на индивидуалните потреби за учење кај децата.

Третманите ги спроведуваат Клаудија Николова – специјален едукатор и рехабилитатор/ дефектолог и Билјана Трајкова – логопед.

Услуги кои ги нуди Центарот:

-Третмани за подобрување на концентрација и внимание

– Третмани и вежби за хиперактивност

–Корективни третмани за изговор на гласови;

-Корекција на говорно-јазични нарушувања;

-Третмани за говорно-јазична стимулација кај деца со первазивни развојни нарушувања;

-Третмани за фина и груба моторика;

Третмани за графомоторика;

-Третмани за читање, пишување и сметање;

-Третмани за реедукација на психомоторика;

-Арт и окупациона терапија;

-Третмани за сензорна интеграција

-Едукативни работилници во групи

Закажете термин на: 077/949-249 Клаудија Николова – дефектолог 071/212-441 Билјана Трајкова – логопед

Сподели: